Охрид, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар во недела, 3-ти јуни, премиерно ќе ја одигра претставата „Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.
Премиерата в недела е со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 250 денари. Во сабота пак ќе се одржи и претпремиера во терминот од 20:00 часот, а билетот ќе чини 200 денари.
Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива