март 2, 2018

Охрид, 2. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Денес ќе има повремени врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2.000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука