март 21, 2018

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2. Ќе дува умерен јужен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука