Охрид, 21. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.
– Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава. Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25 л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес