Охрид, 22. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд.
На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 3. степени.
– Од денес нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Утре се` уште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег. В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива