февруари 16, 2023

Охрид, 16. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– До крајот на неделава времето ќе се задржи стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука