Охрид, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.
– Во четврток се уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуват во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерем до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 33