Охрид, 23. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд и услови за изолирана појава на град.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.
– Денес и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд. информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 33