Охрид, 3. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со зголемена облачност во утринските часови. Во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.
Mаксималната температура ќе се искачи до 25. степени.
– Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 54