Охрид, 2. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.
– Денес ќе дува засилен ветер од јужен правец, наместа над 60 км/час, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Под влијание на влажен бран утре ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 22