Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи со 21. степени.
– До петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 3