Охрид, 13. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Следува период на променливо и посвежо време. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 5