Охрид, 7. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес многу студено утро со температура до -8 степени, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 0. степени.
– Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 65