мај 30, 2018

Охрид, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

– Денес и утре во попладневните часови во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во петок и деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок дневните температурите ќе бидат во благ пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука