Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во југоисточните предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.
– До петок времето ќе биде претежно стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 32