март 8, 2018

Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен повремено засилен западен и северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8 степени.

– Денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните делови (околу 15 л/м2). Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Потоа до недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло. Ваквите временски услови ќе предизвикаат интензивно топење на снежната покривка, особено на планините, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука