Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно во текот на попладневните часови. Ќе дува умерен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.
– Денес се очекува враќање на повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава. Позначително, но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео
Прочитано: 29