Охрид, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18-ти јули 2019 година, во 23:20 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од 53-годишниот С.Л. од Струга.
– Во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и 31-годишниот С.И. од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид
Прочитано: 12