News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 10, 2024

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 14-ти до 17-ти октомври 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија на луѓе долж источно-медитерантската рута.

Ова беше договорено на денешната средба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со делегација од Република Србија. предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

На средбата се разгледа и нацрт текстот за Договор помеѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли во рамките на One Stop shop концептот на заедничкиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево.

– Овој проект е многу значаен за двете држави и мораме да го реализираме што побрзо и веќе од следната туристичка сезона да имаме брз проток на патници и стоки преку заеднички контроли на граничните премини, потенцираше министерот Тошковски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука