Охрид, 12. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на во сабота, на 14-ти октомври, во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“.
Литургијата ќе започне во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 8