Скопје/Струга, 3. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС)- Денеска, 3. јануари 2023 година, во 10:20 часот на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 45-годишниот Т.О. од струшкото село Октиси.
– За него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години. По наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива