Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, околу 11:05 часот се случи сообраќајна незгода на улицата „Билјанини извори“ во Охрид, во која е потешко повредено едно лице.
73-годишниот В.К. од Охрид, управувајќи возило „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, удрил во 82-годишната В.П. од Охрид.
Во незгодата, В.П. се здобила со тешка телесна повреда и била пренесена и задржана на лекување во болницата „Св. Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26