Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 1-ви ноември ќе се одржи конститутивната седница на новиот Совет на Општина Охрид.
– Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува решение за свикување на првата конситутивна седница на Советот на Општина Охрид, ја свикувам првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид. Истата ќе се одржи во среда, на 1-ви ноември 2017 година со почеток во 11:00 часот во зградата на Општина Охрид, стои во дописот до медиумите.
На Дневен ред на седницата ќе има само две точки – избор на Комисија за верификација, избори и именувања и верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива