декември 21, 2017

Струмица, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Академија Пандев во 2018 година ќе го организира најголемиот младински турнир на овие простори, во Струмица ќе гостуваат европски и балкански гиганти.

Младинскиот турнир ќе го носи името „Пандев куп“ и има тенденција да прерасне во традиционален турнир, информираат од Академија Пандев.

Првиот дел од турнирот ќе се одржи во периодот од 1 до 4 март и на него ќе учествуваат фудбалери родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули и почетокот на август. Прво, од 30 јули до 4 август ќе се натпреваруваат екипи чии фудбалери се родени во 2002 и 2003 година, а од 6 до 11 август играчи родени во 2004 и 2005 година.

На турнирот треба да учествуваат околу 140 екипи, во тек се преговори со Интер и Џенова кои се очекува да завршат успешно. Вчера во Белград се финализирани преговорите со Црвена звезда и ОФК Београд, а учеството веќе го потврдија Партизан, Осјек, Лудогорец, ЦСКА Софија и ПАОК.

Освен познати тимови од Европа и регионот, учество на турнирот ќе земат и сите македонски клубови, се очекува потврда уште од Вардар, но од Академија Пандев очекуваат дека таа сигурно ќе дојде во наредните денови. (Крај)

извор: 24фудбал фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука