Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани
октомври 11, 2024

Скопје/Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во третиот квартал на 2024 година оформени се 107 нови предмети за заштита од дискриминација, од кои две се во Охрид, информираат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Македонија (КСЗД).

Од оваа бројка, 84 се поднесни од физички лица, 22 од правни лица и 1 постапка поведена по службена должност. Во споредба со истиот период во 2023 година, бројот на нови предмети е намален за 60,05%. Од подносителите физички лица 23 не доставиле податок за припадноста по пол. Од оние кои доставиле, 30 (49%) биле жени и 31 (51%) биле мажи.

Во однос на националната припадност, 45 граѓани не се изјасниле. Од оние кои се изјасниле 26 биле Македонци, 5 Албанци, 2 Роми, 1 Србин, 1 Турчин и 1 Влав. До КСЗД се доставени и 3 претставки од граѓани кои се изјасниле за друга етничка припадност (бугарска, канадска и горанска). Во поглед на возраста најмногу претставки се поднесени од граѓани на возраст 41-50 години (16 претставки). Податок за нивната возраст не доставиле 33 подносители на претставки.

Најмногу случаи на дискриминација во 3-от квартал на 2024 година, биле утврдени вo областа на работата и работните односи, од кои два се за пристап до унапредување, еден за трансформација на работен однос од определено на неопределено време, еден за прекинување на работен однос и еден за дискриминација на работно место. Потоа следат областите на јавно информирање и медиуми, правосудство и управа и еден случај на дискриминација во детска градинка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука