април 25, 2018

Охрид, 25. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во месец февруари во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во четири случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден правен субјект. Предвидената вредност на објектите е 22 476  000 денари.

За издадените одобренија се планира изградба на девет станови со вкупна корисна површина 735 м2.

Во анализираниот период, во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2018 година се издадени 177 одобренија за градење, што е за 51.2 % помалку во однос на истиот месец лани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука