Охрид, 28. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 3-ти мај охриѓани цел ден ќе бидат без вода за пиење.
Од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид информираат дека ќе се спроведе голема акција која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти, сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти.
Поради сложеноста на активностите, целосниот прекин во водоснабдувањето ќе започне од 01:00 часот по полноќ и ќе трае се до 19:00 часот.
Од охридски „Водовод“ со молба до корисниците навреме да се снабдат со вода за пиење и други потреби. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39