јануари 31, 2023

Охрид, 31. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со настапот на Dj LephonQ во сабота, на 4-ти февруари во клуб Rebel.

Зоран Георгиев или Dj LephonQ е дел од македонската клубска сцена уште од раните нејзини почетоци. Основач е на Dj групата Percussion Discussion од 90-тите години и сопственик на една од првите продавници за плочи во Скопје. Dj и радио презентер во Антена 5 радио, LephonQ важи за еден од музичките селектори кои се често видени на најпопуларните подиуми во државата и многу пошироко.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука