март 26, 2018

Скопје, 26. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кривичниот совет на Врховниот суд, донесе одлука по жалбите на притворените пратеници за инцидентите во собранието на 27-ми април 2018 година. Мерката притвор е заменета со домашен притвор за пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски, како и за Митко Чавков, јави порталот судство.мк.

– Точките по кои е определен притворот од Апелациониот суд Скопје, а се однесуваат на повторување на делото и влијание на сведоци, отпаѓаат бидејќи истрагата е завршена. Останува на сила само точката која се однесува на опасност од бегство. Од домашен притвор секако дека нема да можат да уествуваат или да го повторат инцидентот, а и присуството во постапката ќе им биде обезбедено. На полицајците М.П., Д.Л, Г.Г.,О.П. и М.П., мерката притвор им е заменета со домашен притвор. З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М им се одбиваат жалбите и тие остануваат во истражниот затвор Шутка. На пратениците Јохан Тарчуловски Љупчо Димовски, куќниот притвор им се заменува со мерки на претпазливост, а исто така и на оперскиот пејач Игор Дурловски. Имено, тие еднаш неделно ќе треба да се јавуваат во суд на шалтер за да го потврдат нивното присуство или достапност на органите, со што нема да влијаат на ефикасноста на постапката. Вакви мерки за безбедност, како замена за домашниот притвор се определени и за Е.Д.Б. и И.Д. И на осомничените С.М., М.М. и С.М. опфатени со обжаленото решение на Апелација со кое им се продолжи притворот, останува во сила, јави порталот.

Одлуката се очекуваше уште во петокот, но претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски изјави дека советот не можел да одлучи во тој рок од причини што станува збор за комплексен предемет, за што е потребно повеќе време, нагласувајќи дека предметот подолго време бил на разгледување во јавното обвинителство, отколку во Врховниот суд.

Притворот на горенаведените им е определен од крајот на ноември, односно на почетокот на декември минатата година, па заради долготрајноста во прашање се доведува и нивниот мандат. (Крај)

извор: судство.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука