Скопје, 28 мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Машката одбојкарска селекција на Македонија го доживеа вториот пораз во групата А во новото издание на Сребрената Европска лига.
Подобри од нас во вчерашниот меч што се одигра во СРЦ „Кале“ беше репрезентацијата на Австрија која не победи со 3-1 во сетови по 115 минути игра. Првиот сет беше најслаб за нас и противникот не надигра со 25-18 за да потоа ние го возвратиме ударот со 25-22 за израмнување на 1-1.
Меѓутоа ние тоа темпо не успеавме да го задржиме во третиот сет, па истиот му го препуштивме на противникот со 25-20. Потоа дојде највозбудливот сет на дуелот, потребни беа дури 64 поени за да се добие победникот со тоа што повторно нијанската и среќата беше на страна на Австријците за 33-31 и конечни 3-1 на дуелот во Скопје.
Сега ние сме на третото место во групата А со учинок од една победа и два порази. Следната средба ја играме на гостински терен против вечерашниот противник. (Крај)
извор: Дерби фото: Дерби