Мадрид, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанските медиуми соопштија дека капитенот на Атлетико Мадрид ,Габи Фернандез ќе мора да ја оперира раката поради повредата која ја има.
33-годишниот играч има проблем со два прста на десната рака и последниов период игра со преврска на нив.
Повредата треба хируршки да се санира и Габи ќе ги пропушти следните два натпревари на Атлетико, против Гранада во првенството и реваншот од осминафиналето во ЛШ против Баер Леверкузен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 28