Париз, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот тенисер Гаел Монфилс, кој во моментов е 11-ти на АТП листата, поради повреда подолг период ќе отсуствува од тениските терени.
30-годишниот Монфилс во соопштението истакнал дека има проблеми со Ахиловата тетива и дека му е оштетена рскавицата во левото колено, поради што ќе мора да паузира подолг период.
Монфилс во кариерата освоил шест титули, а на грен слем турнирите два пати играл во полуфиналето, во 2008 година на Ролан Гарос и во 2016 година на УС Опен. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20