мај 6, 2018

Џенова, 6. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Џенова одигра одлична сезона во Серија А и за разлика од минатата година, кога се бореше за опстанок до последните неколку натпревари, оваа година порано си ја заврши работата.

Горан Пандев одигра значајна улога во одличната форма на италијанскиот прволигаш, кој моментално ја зазема 11. позиција со 41 бод на три кола до крајот.

И веднаш започнаа шпекулациите за тоа кој ќе остане, а кој ќе си замине од ростерот во пресрет на новата сезона. Давиде Балардини ќе има задача да одреди на кои фудбалери сака да смета и наредната година, а допрва треба да се дискутира за нивните примања.

„Газета дело Спорт“ информира дека македонскиот репрезентативец без проблем ќе остане во тимот, бидејќи од минатиот јули игра за приходи од 300.000 евра годишно. Тоа не претставува голем дел од буџетот на екипата, па се очекува Пандев да придонесе со искуството и наредната сезона. Приоритет ќе биде и договорот со Џузепе Роси, но за истиот да биде потпишан тој ќе мора да прифати помала плата.

На 34 години, Пандев постигна четири гола за Џенова и стрелаше против своите поранешни екипи, Интер и Лацио. Особено за издвојување е погодокот против Верона во рамки од 34. коло, кога со прекрасен лоб го матира противничкиот голман. (Крај)

https://youtu.be/Pv0vZQIFdQw

извор: Гол.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука