февруари 21, 2023

Охрид, 21. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – ГРК Охрид пред нов предизвик. Во третото коло од плеј-офот во Супер лигата, екипата му гостува на кавадаречки Тиквеш.

„Гладијаторите“ најавуваат максимално залагање и борбеност во битката за значајни бодови.

– Во плеј-оф нема лесни натпревари. Секој меч треба да се игра до крај, ангажирано и сконцентрирано. Нé чека добар натпревар со Тиквеш во Кавадарци, на кој треба да го дадеме нашиот максимум за да извојуваме победа, вели ракометарот Казеин Рустамов.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и текст

Натпреварот ќе се одигра в недела, 26-ти февруари, во салата „Јасмин“ од 19:00 часот.

Досега охридските ракометари имаат една победа и еден пораз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука