Охрид, 23. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со минимални два гола разлика, охридските ракометари изгубија на домашен терен од тимот на Пролет.
Во шестото коло од ракометната Супер лига, играчите на Пролет се покажаа пдобри од нашите „гладијатори“ и ги совладаа со резултат 21-19, на полувреме 13-11.
Ова беше прв пораз за охридските ракометари,сега на табелата се на четвртата позиција со седум бодови, веднаш зад Пролет кој има 10.
Во следното коло на 5-ти ноември Охрид ќе оди на гости кај тимот на Борец.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16