Струга, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 30-ти септември, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, традиционално ќе се одржи Годишна изложба на ликовни уметници од Струга.
Со свои дела ќе се претстават повеќе уметници од помладата и средната генерација на ликовни творци од Струга. Авторите творат во повеќе медиуми. Ќе бидат изложени делата на: Викторија Попоска, Милко Нестороски, Кристина Затуровска, Ангела Ѓонческа, Даме Затуровски, Роберт Паноски, Славица Панова и Христијан Томаноски.
Станува збор за 12-та по ред Годишна изложба на струшки ликовни уметници. Ќе биде отворена со почеток во 19:30 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 6