Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, деновиве во Охрид ќе организираат годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
Настанот ќе се одржи во хотел „Метропол“.
Граѓанските организации ќе дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, идеи за секторска комуникација и вмрежување. На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26