Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градот Охрид одбележува годишнина од смртта на Коста Абраш.
Коста Абраш (Абрашевиќ) е роден во Охрид на 29 мај 1879 година, а починал во Шабац на 20 јануари 1898 година. Бил македонски пролетерски поет, автор на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“).
Абраш книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.
Неколку објекти во Охрид во чест на поетот го носат неговото име. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30