Годишнина од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада и патронат на ООУ „Дебрца”
ноември 11, 2024

Белчишта, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе активности, денеска ќе се одбележат годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада и патронатот на ООУ „Дебрца”.

Програмата започна во четвртокот со спортски игри, а продолжува денеска од 10:30 часот кога ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот во село Сливово и на споменикот на Трајче Дојчиноски во селото Белчишта. Ќе биде отворена и ликовна изложба, а ќе се одржи и свечена приредба во ООУ „Дебрца“ во Белчишта.

Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11-ти ноември 1943 година во селото Сливово, охридско.Бригадата броела околу 700 борци. Се состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука