Солт Лејк Сити, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голден Стејт во финалето на западната конференција без ниту еден пораз.
Утрово убедливо ги поразија кошаркарите на Јута со 95-121, со што стигнаа до скор победи од 4-0 во серија. Најдобар на паркетот се покажа Стеф Кари со 30 поени, Томсон прокнижи 21 а Дурант 18.
Сепек ѕвезда на вечерта беше Дрејмонд Грин кој го оствари 22 -от трипл-дабл во кариерата со 17 поени, десет скока и 11 асистенции. Во редовите на Јута најефикасен беше Гордон Хејворд со 25 поени. (Крај)
извор: МКД фото: архива
Прочитано: 15