април 19, 2018

Софија, 19. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Инцидент се случи на дербито од бугарската лига меѓу Левски и ЦСКА Софија кое се играше на стадионот „Васил Левски“.

Домашните навивачи фрлиле бомба  во тунелот од кој излегуваат фудбалерите, каде имало полицајци. Бомбата паднала на стаклото кое се распрснало, едно парче летнало во окото на полицајка која веднаш била префрлена во болница.

Levski2

Levski3

Доколку не било стаклото и бомбата директно паднала кон полицијата, последиците ќе биле катастрофални.

Полицијата веднаш успеала да приведе околу дваесетина лица, а од клубот ја стопираа продажбата на билети за домашните натпревари.

извор: Мкд.мк фото: БГ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука