Лос Анџелес, 30. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – ЛА Клиперс останува без својата икона, Блејк Грифин кој осум ипол години го носеше дресот на овој клуб,заминува во Детроиот Пистонс.
ЛА Клиперс и Детроиот Пистонс договорија голема трампа. Блејк Грифин, Брајс Џонсон и Вили Рид се селат во Детроит, а во спротивен правец одат најдобриот стрелец на Пистонс Тобијас Харис, Ејвери Бредли и српскиот центар Бобан Марјановиќ. Покрај тоа Клиперс доби по еден пик во првата и втората рунда на драфтот.
Ваквиот потег на помалку популарниот тим од Лос Анџелес е изненадувачки со оглед на тоа дека изминатово лето тие го наградија Блејк Грифин со нов пет годишен договор вреден околу 173 милиони долари.
Кога се водеа преговорите за продолжување на соработката, на Блејк Грифин исто така му беше ветено дека неговиот дрес со 32 ќе биде повлечен, но само шест месеци подоцна Клиперси ги променија плановите.
Тие ќе се преориентираат на млади играчи и талентирани пикови од драфтот, и веќе се најавува дека тимот ќе го напуштат и Деандре Џордан и Лу Вилијамс. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива