мај 11, 2018

Манчестер , 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа не дозволи гол на гостувањето кај Вест Хем (0:0) и ја освои „Златната ракавица“, која се доделува на голманот со најмногу чисти мрежи во сезоната во Премиер лигата.

За шпанскиот репрезентативец ова беше 18-ти натпревар без примен гол и тој си го обезбеди признанието коло пред крајот на сезоната. Неодамна Де Хеа беше избран и за најдобар играч на Јунајтед.

– Многу сум среќен. Сезоната беше навистина успешна за мене. Оваа награда значи дека тимот се бранел добро во текот на целата кампања, прокоментира по мечот 27-годишниот Де Хеа.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид е првиот голман на Јунајтед, кој освојува „Златна ракавица“ по Едвин ван дер Сар. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука