Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот музичар Горан Папаз објави две нови преработки на стари македонски класици.
Станува збор за темите „Кога те нема“ од Хелена Благне и песната „Убава си како музика“ од Драган Мијалковски.
Познатиот саксафонист неуморно работи на полето на музиката. Создава авторска музика, на која како вокали му гостуваат познати имиња од нашата сцена. Исто така, одвреме – навреме изненадува со одлични преработки на македонски и странски песни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27