септември 20, 2022

Охрид, 20. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков денес оствари работна средба со Ана Пиларцук градоначалничка на Огоџењец, Република Полска.

– На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, образование, култура, туризам. Исто така се разговараше за размена на искуства и идеи во подготовката и аплицирањето на проекти во ЕУ фондовите. Република Полска котира многу високо во добиени финасиски средства од ЕУ фондовите за реализација на проекти. Општина Охрид веќе има воспоставено соработка со полски фондации во подготовката на проектни апликации. Соговорниците разговараа и за реализирање на промоција на Охрид во градот Огоџењец и Република Полска. Беа разменети мислења и идеи за концептот на промоција и за остварување на заеднички промоции на меѓународни саеми за туризам, информираат од кабинетот на градоначалникот.

Додаваат дека заеднички било констатирано дека соработката ќе се продлабочи и ќе се насочи во области од кои двата града ќе имаат интерес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука