јуни 15, 2018

Охрид, 15. Јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски упати  честитка до граѓаните со исламска вероисповед.

– Во добро здравје, радост, среќа и хармонија Ви посакувам да го поминете овој голем празник. Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби. Искрено Ви посакувам овој Рамазан Бајрам, да ја зајакне верата и солидарноста меѓу луѓето, покажувајќи го патот кон вистината и праведноста.

Нека и овој празник не потсети на добрите дела, кои треба да ги правиме кон себе, кон своето семејство и пошироката заедница, стои во честитката на градоначалникот Стојаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука