Охрид, 25. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини.
Во фокус на интересот на амбасадорката била актуелната ситуација во општината и работата на локалната самоуправа. Стојаноски ги истакна приоритетите на локалната, пред се напорите во санирањето на финансискиот долг на општината, трајно и одржливо решение за колекторскиот систем и урбано планирање во функција на развојот на Охрид.
Австралиската амбасадорка изрази подготвеност, амбасадата да поддржи одредени проекти за организациите и лицата со посебни потреби, а ја најави и можноста во текот на септември да се аплицира на објавата на амбасадата за проекти кои ги третираат човековите права. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: општина Охрид