јануари 29, 2018

Охрид, 29. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски за утре го најави отчетот пред граѓаните.

Поднесувањето отчет за сработеното, според него е политички бон тон.

– За утре е предвидено да биде даден отчет за сработеното. Отчетот секако беше планиран. Тоа е една кратка информација за сето она кое јас како градоначалник, општинската администрација и советот го сработиле во овие 100 дена, рече Стојаноски и потенцира дека продолжуваат понатаму во реализирање на сето она што го имаат зацртано. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука