јануари 21, 2018

Барселона, 21. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од клуб кој беше познат по тоа што се потпира на играчи од својата академија, Барселона стана – Манчестер Сити.

Барса во последните три години потроши огромни 500 милиони евра на трансфери. Само Сити потроши повеќе, а исто токлу потрошија и Јунајтед и ПСЖ. Дембеле беше платен 105, Кутињо, 160, Паулињо 40, а има уште многу играчи кои пристигнаа на „Камп Ноу“ последниве неколку сезони.

Следен кој речиси сигурно ќе пристигне во Барселона е Антон Гризман. Французинот е стара желба на Барса и прашање беше само времето кога ќе го напушти Атлетико, иако силно заинтересирани беа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Барса е спремна да ја активира клаузулата на Гризман од 100 милиони евра, а наводно веќе му е подготвен и дресот со број 7. Но, шпанскиот весник „Спорт“ денеска на насловната страна објави таен договор помеѓу Барселона и Гризман.

Според истиот извор, доколку Гризман не го испочитува принципиелниот договор со Барселона, ќе мора да плати казна од „неколку милиони евра“, а иста казна ја очекува и Барса доколку се предомисли.

извор: Спортски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука