февруари 17, 2017

Скопје/Атина/Тирана, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод обележувањето на Денот на водните живеалишта и ратификувањето на Меѓународниот договор за паркот Преспа, невладините здруженија од областа на екологијата ги повикаа трите земји, Република Македонија, Република Грција и Република Албанија, да ги интензивираат работите за виспоставувањето на прекуграничниот парк Преспа.

Грчкиот парламент на 14-ти овој месец, со мнозинство го ратификуваше Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа. Договорот беше потпишан во 2010 година, но Грција го одложуваше ратификувањето цели седум години. Но, сега договорот е подготвен да стапи на сила и да се спроведе.

Меѓународниот договор за паркот Преспа повторно се здобива со оптимистичка симболика, негување на пријателството и мирен соживот за одржлив просперитет за локалните општества врз основа на заштитата на животната средина.

Проектот е заедничка иницијатива на ПреспаНет, која ја сочинуваат Македонското еколошко друштво (МЕД) од Македонија, Друштвото за заштита на Преспа од Грција, и Друштвото за зачувување на животната средина во Албанија заедно со Еуронатур од Германија и Кора од Швајцарија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука